Компири со батаци се вообичаена комбинација, но овој рецепт е со друг вкус на компир со додавање на рузмаринот .
1. Најпрво се мијат батаците и се зачинуваат со сол, бибер, црвена пипер, сув зачин, сенф, масло и сок од лимон. Со ова батаците стојат 1 час.
2. Се загрева рерната на 250С. Се лупи компирот се зачинува со сол, сув зачин, црн бибер, црвена пипер, шеќер(да се карамелизира) да добијат убава боја компирите, но и вкус .
3. Се ставаат компирите во намрсната тава, се додаваат пиперките, морковите, кромидот и рузмаринот. Врз нив се ставаат батаците и се печат. Додека се печат батаците и компирот се надгледува и на два -три пати се промешува за убаво да се испечи. Се печи скоро 1 саат.
4. Се служи со салата или декорација со домати.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани