Уште еден вкусен пилешки ручек :)

Најнапред ги маринираме батаците. Ги премачкуваме со масло и сенф, поросуваме со зачините, убаво ги втријуваме со раце и оставаме на 2 часа во фрижидер.

Компирите ги сечеме на четири, ги ставаме во огноотпорен сад, зачинуваме со зачините, попрскуваме со масло и ги налеваме млекото и павлаката.

Одозгора над компирите ги редиме батаците. Затвораме со капак.

Ставаме да се готви во загреана рерна на 200 степени. После 1 час го тргаме капакот и продолжуваме со потпекување додека добијат убава боја батаците.
Сервираме топло.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани