Сезоната на карфиолот е овој период и не пропуштам можност за вкусна чорба со овој здрав зеленчук.

Во тенџере со вода ставаме да се варат копаните, отприлика 20-25 минути. Потоа се додават морковите и карфиолот насечкани на ситно, како и цела главица исчистен кромид. Откако копаните ќе се сварат, се вадат од тенџерето, се остават малку да подоладат, се исситнува месото од копаните на ситно и пак се враќа месото да се вари со зеленчукот. Доколку дел од водата изврие треба да се додаде предходно зовриена вода. Се става коцката за супа,мешан сув зачин, магданос, ловоров лист, црн пипер. Откако ќе се свари и зеленукот, се вади сварената главица кромид и малку од карфиолот и морковите, се ставаат во блендер да се изблендираат и пак се враќа во тенџерето.
Во тава на оган ставаме малку зејтин и го запржуваме фидето да зарумени и тоа го истураме во тенџерето каде се прави чорбата. Се остава да се свари фидето во чорбата, отприлика уште 5 минути.
Откако чорбата ќе поолади, односно ќе биде топла (не да биде врела или пак ладна) се истура предходно изматеното јајце со кисела павлака и јаболков оцет.
Сол не ставив во чорбата, бидејки доволно е засолена од мешаниот сув зачин и коцката за супа, вие можете да додадете по вкус...
Ова е преслатка здрава чорба со пилешко, која редовно ја правам во овој период од годината и топло Ви ја препорачувам да ја испробате.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови