Оваа пилешка чорба првпат ја пробав кај свекрва ми и беше преубава, од тогаш редовно си ја подготвувам за нас. Името го дадов по кафеаната каде што ја подготвувала.
Се варат копаните. Кромидот и лукот се сецкаат ситно, а останатиот зеленчук се ренда.
Во поголемо тенџере се става зејтин и се пржат најпрво кромидот и морковите. Откако ќе омекнат и откако морковот пушти убава боја, се додаваат ренданите целер и пашканат. Се запржуваат, па се додава лук и компир. Кратко се пржат, па се додава водата во која се вареле копаните. Се додава уште пола литро вода и со полузатворен капак се вари 20 минути.
Месото од батаците се сецка ситно. По 20 минути се додава месото и се вари уште 10 минути.
Се прави бела запршка од зејтин и брашно и се додава во чорбата. Се ставаат и зачините по желба. Мајчината душица дава преубав мирис и вкус.
Наместо свеж магдонос, убаво е да се стави лист од целер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови