Салатава е екстра вкусна,пробајте ја!

Прво прачето стек го вариме, па кога е сварено го сечеме на крупни парчиња.
Бадемите ги сецкаме на покрупно.
Кромидот го сецкаме на многу ситни парчиња.
Се заедно мешаме, посолуваме според вкусот и додаваме мелен црн бибер. Цедиме сок од лимон и ги полеваме состојките.
На крај ги додаваме мајонезот и павлаката и се убаво соединуваме.
Оставаме салатата убаво да се излади, ја декорираме со солени бадеми и послужуваме.

Напомена-салатава е еднакво вкусна и доколку место стар ставите млад кромид.Исто така може да се подготви и со целер.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови