Прво го вариме пилешкото месо и го оставаме да олади. Го чистиме од кожата и коските и го сечиме на помали парчиња. Ја вариме и пченката, морковите и макароните(посебно).
Ги ладиме и ги додаваме макароните кон месото.
Останатите состојки ситно ги сечиме и ги додаваме кон месото. Ја додаваме на крај павлаката и мајонезот, посолуваме и додаваме црн пипер по вкус.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови