Вкусна, сочна и салата со нежна зелена боја. Најпрво, се маринира стекот. Се соли, се наросува со зачините и се премачкува со сенфот. Парчето стек се пржи во обична или во грил тава.
Додека, се приготвува стекот, се приготвуваат и останатите состојки. Краставичките се рендаат на ренде, маринираните печурки и кашкавалот се сечкаат на поситни парчиња.
Во друг сад, со вилушка се пасира авокадото. Тука се додаваат павлаката и мајонезот. Се изедначува се заедно, па се додава и маслиновото масло. Кремот се соли по вкус и се зачинува со мелен црн бибер.
Изладеното месо, се цепка со виљушка или се ситне на ситни парченца.
На крај, сите состојки се соединуваат. Во салатата се додава и ситно сецканиот магдонос.
Се остава салатата да се излади, па се служи.
Од оваа доза, мене ми излегоа две чинии за салата. (тука мислам на оние чинии, во кои обично се служи крем салата за празници- длабоки и помали)
Ние ја јадевме со тортиљи, ама верувам дека и со кифлички и на трпеза ќе добие позитивни оценки, и целата ќе ја снема :)!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови