Не е само идеја како да се повеке време сочуват сварените јајца туку може и намерно да маринирате јајца за вкусно мезе.

Најрпво спремете ја маринадата. Во касерола ставете водата, оцетот, шеќерот, солта и нека провријат. Потоа намалете го огнот и нека врие околу 5-6 минути, тргнете да се олади.
- Морковот и тиквичката исечкајте во форма која ја сакате вие, излупете и исецкајте го лукот на поедри парчиња, исто така така и лутата пиперка.
- Во тегла на дното ставете гранче од копарот, дел од тиквичките, морковот и пиперката, ставете од јајцата, потоа пак од останатиот дел од зеленчукот. Залијте со оладената маринада, додадете го биберот. Јајцата треба да бидат облиени со маринадата, затоа можете да искористите од малите пластични притискачи кои се токму со големина која одговара на теглите.
Затворете ја теглата и одложете во фрижидер.
Вака спреманите јајца можат да стојат повеќе време.
Напомена
- Јас морковот и тиквичката ги исеков на ситни коцки, а може да ги исечете на кругови. Од тиквичката доволни се 3-4 тенко исечени кругови кои при поставувањето во теглата се ставаат врз првиот ред јајцата, потоа пак јајца, па се става врз нив исечен на кругови морков. Ова го избегнав бидејки си имав замисла како би ја сервирала салата од вака приготвените јајца.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани