Зимско, снежно утро.
Гранките натежнале од снегот кој паѓаше со голем интензитет....а во домот топлина и мирис кој се шири од штотуку испечено вкусно, меко пециво.
Има ли нешто поубаво??????

Користен е среден филџан за кафе (125мл)

Во вангличка ги ставме топлото млеко, вода, шеќерот, квасецот и лажиче брашно.
Соединуваме и оставаме да се активира.
Потоа во вангличката додаваме сол и маслиново масло.
Постепено го додаваме и брашното и замесуваме мазно, понамеко замесено тесто.
Го оставме во вангличката, го премачкуваме со некоја капка масло, го покриваме и оставаме да се дуплира.
Потоа тестото го делиме на 5 топки.
Секое топче го расукуваме во долга тесна коричка.
Додека втасува тестото го подготвуваме полнењето со праз.
На загреано масло го пржиме сецканиот праз, тргаме од оган,  додаваме сол, бибер, јајце и урда.
Соединуваме.
Со овој фил јас наполнив две пидиња, корички.
Филот го ставме во средината, а краевите благо, без да ги спојуваме ги преклопуваме.
Во еден сад ги соединуваме урдата и ајварот.
Со овој фил наполнив уште две пидиња.
Во еден сад соединуваме гауда, сол, бибер, кисела павлака и јајце.
Со ова полнење ја полниме 5 коричка.
Сите подготвени пидиња ги редиме во плех од релната које обложен со хартија за печење.
Краевите тенко ги премачкуваме со малку одделеното јајце и посипуваме чурек, сусам.
Киснат само 10 минути и ги печиме околу 25 минути на 200 степени во загреана рерна.
Сервираме топли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани