Од наведените состијки за тесто се замесува средно - меко тесто, без активирање на квасецот и се остава на топло да го дуплира волуменот.

За тоа време се подготвува филот.
Се запржува кромидот и пиперката на плитка мрснотија со малку сол.
Се додава меленото месо, се пржи.
Се зачинува со мешан сув зеленчук,црн пипер и ако треба сол.
Се додава патлиџанот кој претходно е излупан и исецкан на коцки.
Се пржи, динста.
На крај, кога ќе испари тецноста, се додава буковската пипер.
Се остава да се излади.

Надојденото тесто се дели на 4 дела.
На набрашнета подлога се отвора како на дополнителната фотографија.
Се префрлува во намрсен плех.
Се става на средина од филот.
Се преклопува по малку од страните, а ивиците убаво се соединуваат.
Штом се направат сите,се уклучува рерната и се загрева 5 мин. на 200.
Потоа се ставаат и се печат додека убаво поруменат, 15-20 мин..
На здравје!

*Ако при печењето се собери мрснотија во плехот, после печење ставете лепче да ја впие мрснотијата.
*Пред печење одозгора може да се посипат со кашкавал или моцарела.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани