Овој е многу стар рецепт кој на времето тетка ми често го правеше, па и сега од време на време не го заборава. Обично кај неа сум го пиела и еве сега решив и сама да го направам, секако со мали експериментални примеси на дел во соодносот и изборот на екстрактите. Тогаш и немало некој избор, па крушковацот како го нарекувале, бил еден од поинтересните на вкус, па и сега се разбира.
Ќе добиете газиран пијалок кој потсетува на боза кога го пиете. Одличен за летните горештини и богат со Б витамин од квасецот.

Водата и шеќерот се ставаат во тенџере на рингла да зовријат. Потоа тенџерето се тргна на страна.
Квасецот се раствора со малку млака вода и шеќер и се додава во тенџерето кога ќе подизлади (да можи прстот комотно да трпи топлина). Му се додава и екстрактот и убаво се меша, па се бери во шишиња.
Шишињата се оставаат преку ноќ во ладно место (не во фрижидер) и следниот ден се пие.

*Кога сме кај екстрактот, оригиналниот пивоквас е со крушковац, но исто така можи да се направи и со друга арома. Јас дозата ја поделив кога го ставив квасецот на две места и во другиот додадов екстракт од боровинка, па добив две напивки со два различни вкусови. Значи, можи да си ставите и експериментирате и со други вкусови, најдобро овошни, ама не заборавајте и оригиналот исто така да го пробате.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани