Едно убаво мезе од пржени печурки. Подгответе го за вас и вашите гости, ќе бидете воодушевени.
Сланината исечете ја на ленти.
Кромидот исечете го ситно на коцки и ставете да се пржи. Кога ќе добие златна боја додајте чадена сланина, малку подпржете и додајте сечени шампињони,подсолете додајте сув зеленчук. Лукчето истолчете го додајте го во печурки. На крај ставете ситно сечен магдонос.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани