На загреано масло го запржуваме ситно сецканиот кромид.
Додаваме дел од лукот, промешуваме додека не добие проѕирна стаклена боја.
Шампињоните ги чистиме и сецкаме по желба.
Ги додаваме во садот и мешаме. Нека се запржат околу 10 минути на тивко.
Зачинуваме со сол и црн бибер. По 10минути го налеваме белото вино.
Оставаме да покрчка уште 10 минути на тивко со затворен капак.
За тоа време го миеме, чистиме магдоносот и ситно го сецкаме.
Отвараме капакот и додаваме пред крајот власец и магдонос.
Уште едно благо промешување му е доволно. Исклучуваме оганот и оставаме на топлото уште 5 минутки со отворен капак. Откако ќе испари убаво алкохолот веќе е готово.
Остатокот од лукчето попрскајте го кога е готово.
Сервирајте и служете.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови