Прво на измиените везени пиперки им ја сечиме дршката, односно сечиме до семето, за да навлезе течност во пиперчето.
Црните домати ги миеме и ги сечиме на тeнки кругови.
Во касерола налеваме оцет, масло, вода, шеќери сол.
Оставаме на оган да проврие 1-2 минути.
Потоа во врелата течност додаваме сецкан магдонос и сецкан лук.
Во рерна ги ставаме чистите тегли да се стерилизираат.
На една рингла по кратко ги запечуваме везените пиперки.
На друга рингла истовремено многу кратко во тава со 2-3 капки масло ги запекуваме круговите црн домат.
Најпогодна е Stone Legend CopperLUX Тава за пржење

Сега ако најдете некој да помага ок, хахахха ако не работете брзо.
Во чиста топла тегла се става кругче запечен црн домат потопен во врелата течност, па пиперка натопената во врелата течност, круг домат, пиперка...... до горе.
Цело време притискајте за да нема празнини.
Кога е наполнета теглата со мастраф ставете неколку лажици од течноста да се залие и затворете со чиста капачка.
Вака спремените тегли се завиткуваат во ќебе да одстојат цела ноќ. Па нареден ден се редат на рафт со зимница.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани