Одличен додаток за љубителите на вкусот на модриот патлиџан.
Доматот го миеме и го сечиме на половина по должина. Секоја половина ја сечкаме на коцки, при тоа да остане долниот дел со лушпата непресечен. Ги посолуваме двете половини и ги оставаме околу половина час, па ги стегаме убаво за да ги исцедиме од течноста.
Меѓу празнините, во секоја половина ставме ситно сецкано лукче и кромид, презла и магдонос. Дополнително посолуваме, јас ставив и оригано и копар и одозгора ставаме масло.
Печеме во загреана рерна, додека не омекне доматот. Јас го печев врз алуминиумска фолија.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови