Љубител сум на риби и ги подготвувам често.
Па ајде да ви кажам како го спремив, а вие ладете пивцето, виното и да седнуваме
))))
На парче фолија ја поставуваме рибата.
Рибата, секако миена и исчистена да биде.

Го спремаме филот
Китката магдонос ја миеме и сецкаме на ситно, лукот го чистиме од лушпите и го ситниме исто така.
Се ставаме во еден сад каде ќе ги помешаме состојките.
Додаваме масло и мешан зачин, а потоа посолуваме со сол и бибер.
Попрскуваме мелен бадем и таа смеса ја промешуваме.
Го премачкуваме цело парче риба со филот.
Правиме засеци на парчето риба и премачкуваме и во нив од филот.
Парчињата путер ги поставуваме во, под и околу рибата.
Попрскуваме лимон врз рибата.
Ја затвараме убаво фолијата и ја поставуваме во тавче.
Се пече 30 минути на 200 степени, а потоа се исклучува рерната и се остава уште 15 минути на топло.
Откако ќе поминат првите 30 минути, се отвара фолијата,па се остава уште 15 минути така отворена, да се засуши коричката на рибата.
Вака подготвената риба има одличен вкус. И стои нејзината убава црвена боја.
На здравје да ви е.

Како забелешка можам да пишам дека на лимонот може да се зголеми количината според вкусот.
Ние отпосле додаваавме свеж лимон.
Исто така, голема улога има и рузмаринот, кој што јас овој пат не го ставив заради моите девојки.
Ако сакате да го конзумирате тогаш ви препорачувам едно свежо гранче да ставите во внатрешноста на рибата.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови