Аспарагусот се мие, па се сече долниот и цврст дел. Отприлика се сече околу три сантиметри. Потоа, се реди на плех, обложен со хартија. Маслиновото масло и ситно сецканото лукче се мешаат заедно. Со маслото и со четка, убаво се премачкуваат парчињата аспарагус. Потоа, се зачинуваат по вкус. Јас зачинив со цол, мелен црн бибер и мешан сув зачин.
Плехот се става во претходно загреана рерна. Се печи, околу 15 минути, на 190 степени.
Откако е готов и изладен, се попрскува со јаболковиот оцет.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови