Прво месото со крупната сол убаво се ,,масира,, од сите страни. Се остава во фрижидер да одстои 24 часа.
Пред печењето на месото му го ставаме и црниот и црвениот пипер. Го ставаме месото во тавата во која ќе го печеме,  ја додаваме водата и виното и ловоровиот лист, го затвараме одозгора со фолија или капак (ако тавата ви е со капак) и го ставаме да се пече на 150-160 степени. На секои 45 минути месото го превртуваме. Половина час пред да е готово, ја зголемуваме температурата на 180 степени, го тргаме капакот и го оставаме месото да фати кора. За оваа количина на месо потребно е печење од 4 часа. Пред служење најдобро е да олади барем половина час бидејќи подобро се сече.

За подготовка на сосот ги запржуваме морковите и кромидот. Додаваме зачин од сув зеленчук и 300 милилитри вода и го оставаме да поврие кратко. Потоа со рачен блендер го блендираме. На страна ги запржуваме печурките ситно исечени и ги додаваме во сосот. Густинот растворен со малку вода го додаваме во сосот за да се згусни. Во сосот додаваме и 2-3 лажици од сокот во кој се печеше месото. Густината на сосот треба да е како густина на јогурт, па ако е потребно додадете повеќе од течноста во која се печеше месото.

Тавата во која ќе го печете месото не треба да е многу голема. Најдобро е да е со големина на парчето месо бидејќи тогаш печењето е најдобро.
Вака печено месо може да се служи со било кој додаток по ваш избор, а убаво е и кога е сосема изладено.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови