Еве и една идеја од мене за телешко и сланина...

Најпрво го чистиме месото од жилички и тенката ципа што ја има на некои места.
Со нож, на средина по должина правиме вдлабнатина која покасно ќе ја полниме.
Го премачкуваме со сенф, попрскуваме со маслиново масло, зачинуваме со зачините по вкус, убаво го триеме, го затвораме во садот и оставаме преку ноќ во фрижидер.

Во тава на стопен путер го пропржуваме ситно сецканиот кромид.
Ја додаваме сецканата сланина и пропржуваме.
Потоа ги додаваме џигерчињата и срцата, кои претходно сме ги исчистиле, измиле и исецкале. Пржиме-динстаме додека омекнат. Зачинуваме со зачини по вкус.
На крај го додаваме оризот, кој претходно сме го свариле во солена вода и добро исцедиле. Филот ни е готов.

Зовриваме и 5 дл. вода и во неа раствораме коцка за телешки бујон.

Го полниме месото.
Го ставаме во намрсен огноотпорен сад, ја налеваме супата, го додаваме и гранчето рузмарин и затвораме со капак.

Се печи околу 2 часа.
После 1 час се превртува месото.
После вториот час се вади месото од садот, се става во капакот и се обложува со сланина.Се враќа во рерна сланината додека порумени.

За тоа време се приготвува сосот-преливот.
Се процедува течноста во која се готвеше месото.
Се додава 1 лажица брашно растворана во малку вода- ладна.
Се става на оган да прокрчка и да ја добие потребната густина.

Месото откако малку ќе одмори после печењето, се сечи.
Се прелива со сосот.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани