Едноставна подготовка, ама мевцето многу сочно и ровко, а сосот што се создава додека се пече месото одлично за макање.

Подготовка
1. Месото го редиме во тава со капак.
2. Го посолуваме и ги додаваме сите зачини.
3. Додаваме масло и го залеваме со млекото.
4. Го ставаме да се пече на 200 степени, може и во загреана рерна да се стави.
5. Печеме додека да ни поцрвени и згусне течноста.

Забелешка
Зачинот за гиро многу го сакам и често го користам кога печам било какво месо.
Чили во прав ставате ако сакате луто пилешко, оставам на ваш вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани