Овој прекрасен рецепт за печени ќофтиња во сос е одлична предлог за ручек. Брзо се подготвува, лесен е и превкусен.

Подготовка на ќофтиња
Се сецка кромидот и лукот и се мешаат со меленото месо. Се додаваат зачините по вкус и магдоносот и ориганото. Смесата се остава да стои во фрижидер, неколку часа. Најдобро е да се направи одвечер и да се прави уредента.
Од месото се прават ќофтиња со големина по избор и середа во длабоко тавче за печење. Се печат на 200 степени околу 10-15 мин, додека да фатат коричка и заруменат.

Во меѓувреме се подготвува и сосот.
Ситно се сецка празот и се запржува. Се додава доматниот сос- салца и се остава да се издинста околу 10 мин. На крај се додава павлагата, се меша и кратко се остава да проврие.

Врз потпечените ќофтиња, се прелева сосот и се продолжува со печењето. Се пече уште 15-20 мин, додека сосот да впие во ќофтињата.

*Во рецептот имам ставено како зачин-ЦИМЕТ. Сигурно ќе ви дојде чудно или ќе си помислите дека е грешка, но не, ... верувајте, еднаш кога ќе пробате мелено месо зачинето со цимет, секогаш така ќе го подготвувате!
Дава прекрасна арома и јадењето е доста специфично, баш заради овој зачин. Јас го викам „таен зачин“!
*Истото важи и за свежо ренданиот ѓумбир. Одлична комбинација за со мелено месо. Дава љуткаст вкус и специфичен мирис на месото, а во комбинација со циметот, е нешто феноменално!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови