Ова можеби ќе ве потсети на Божиќ и новогодишни празници, зимска атмосфера, ама може да си дозволите вакво задоволство и во летните месеци.
На јаболките им се вади средината, се ставаат две парчиња чоколадо (може и повеќе), неколку капки ванила, цимет и може зрно две суво грозје.
Се пече на 200 степени околу 35-40 минути.
Кога се готови, може да ги посипете со шеќер во прав.
Домот ќе ви замириса прекрасно.
Грабнете лажичка и на здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови