Превкусен есенски десерт кој ќе ви ги задоволи сите сетила. Јас пробно направив со 2 јаболка, за мене и за сопругот, доволно е по едно јаболко на човек.

Подготовка
Се лупат јаболката и се сечат на половини. Се вдлабнуваат.
Во длабнатинките се ставаат јатки ореви. Јаболката одозгора се попрскуваат со ванилин шеќер и цимет.
Одозгора ставете по едно малечко парченце путер и полејте ги со малку шербет од слаткото кое ќе го користите.
Ставете ги да се запечат на 200 степени околу 15 минути. Обавезно ставете хартија за печење во тавата во која ќе печите.
Извадете ги и прелејте ги со мед и додадете парчиња од слаткото.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови