- Направете ја маринадата така што ситно ќе го исечкате кромитчето, пиперката, лукчето, ставете во садот во кој ќе биде салатата. Додадете ги остнатите состојки, посолете, измешајте, додадете ги и на кругови исечените тиквички и  размешајте. Наредете ги во тава постелена со хартија за печење, ставете да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени. Ќе оцените сами кога се готови.
Печени извадете и наредете на тањирот, залијте со преливот од грчкиот јогурт измешан со сол и лук.
На здравје!
Предобро предјадење или пак мезе, а јас си ја нарекувам салата со печени тиквички. Пикантни ми се подобри, но секој луто не јаде затоа е во ваква верзија рецептот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани