Прво се запржува кромидот и лукчето и се остава да олади. Сите состојки заедно со оладениот пржен кромид и лук ги мешаме, ги додаваме зачините и ја оставаме смесата за плескавици во фрижидер половина час.
Потоа со намастени раце правиме плескавици. Јас од овие количини направив 8 плескавици. Ги редиме плескавиците на хартија за печење премачкана со зејтин.
Плескавиците ги печеме на 180 степени околу 35 минути. При печењето ги опревртуваме и на другата страна. Не впиваат масло како кога се пржени и затоа и ги препорачувам да ги подготвите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови