- Пиперките ги печиме, ги ставаме во ќеса, а кога ќе подизладат ги лупиме и ги чистиме од семето и дршките.
- Доматите ги лупиме, ги сечкаме на ситно, ги ставаме во тавче со масло и малку сол. Ги пржиме на тивко додека да испари водата и да стане како густ сос.
- Потоа ги ставаме печените пиперки, запржуваме уште малку.
- Во сад ги кршиме јајцата, ги посолуваме малку и ги матиме, па ги тураме во тавчето. Пржиме со постојано мешање додека убаво да се испржат јајцата.
- По желба пред служење ставаме свеж магдонос.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани