Јас правам за големо семејство јадење па затоа вие количината определете ја според вас.
1. Ги вариме макароните
2. Потоа ја ставаме павлаката на оган да заврие малце и во неа додаваме зачини (јас ставив куркума, мешан сув зачин и нане). Ја тргаме од оган откако ќе се загрее малце и ги ставаме јајцата и мешаме. Потоа го додаваме ренданиот кашкавал и сецканиот кулен.
3. Потпекуваме 10 минути на 200 степени.
Ги имам правено и со печеница - секако се превкусни! Кога ги правев овие прво ја запржив печеницата па потоа додадов павлака, кашкавал и зачини.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови