Квасецот се става во млака вода со едно лајче шеќер и се остава да надојди.
Во брашното се ставаат јајцата, шеќерот, јогуртот и истопениот маргарин. Се меси меко тесто, но не да се лепи за раце и се остава дупло да го зголеми својот волумен.
Потоа тестото се сука, но да не биди многу натенко. Со чаша се оформуваат крофните.
Крофните се редат на плех обложен со хартија.
Повторно се оставаат да нарастат.
Се печат на 180Ц додека да поцрвенат. Само што ќе се испечат, дури се уште топли се премачкуват со истопен маргарин и се валаат во шеќер.
Пробајте нема да се покаете, многу вкусни крофни

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови