Повелете на вкусна, едноставна вечера, која може да си ја направите кога имате стар леб и нешто продукти во фрижидер, што би рекле ако сакате да правите чистка во фрижидерот.

Подготовка
Го матиме јајцето со вилушка. Го додаваме млекото и киселата павлака, соединуваме. Го рендаме сирењето во течниве состојки.
Секоја од исечените кришки ги потопуваме во смесата од двете страни. Ги редиме во тавче во кое сме ставиле хартија за печење, ама ако имате делимано тави не мора.
Посипете со зачини и печете ги во загреана рерна околу 10-15 минути.

Забелешка
Ако ви останало од солениот фил истурете го врз наредените кришки.
Посипете со зачини по желба и вкус. Ние си ставаме буковец, сусам и оригано. Лебот што го користев ми е домашно подготвен и подебелки кришки од него сечев.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани