Превкусно!
Прво компирите ги миеме па ги сечеме на околу 3-4 дела во зависност од големината на компирот.
Потоа во длабок сад ги ставаме сите состојки за маринада и ги додаваме парчињата компир.
Оставаме да се маринираат околу 15 минути. Потоа секое парче компир го замотуваме со лента сланина (ја прицврстуваме со чепкалка).
Вака подготвени компирите ги редиме на плех постелен со пек хартија па ги полеваме со маринадата.
Се печат околу 35 минути на 200 степени.
Во меѓувреме го подготвуваме преливот. Ситно сецкаме едно чешне лук и го дадаваме киселото млеко и павлаката. Згора наросуваме лук во прав,копар и малку рузмарин.
Се служи топло.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови