Најпрво ги мијаме компирите и сушиме со кујнска крпа, најдобро е да се купат био компири бидејќи се печат со лушпа. Потоа се премачкуваат со масло и убаво се насолуваат, се превиткуваат во алуминиумска фолија и ги ставаме во загреана рерна на 200 степени 1 час.

Пред 15тина минути пред вадење на компирите го пржиме месото (на месото му додадов вегета и црн пипер) и печурките.

За сосот ја мешаме павлаката со билките , малку мајонез сол и црн бибер.
*доколку можете да набавите зачин кој се вика билки на провинцијата (кројтер дер провинце, подолу во слики ке го ставам зачинот) нема потреба да ги ставате во опис наведените билки бидејќи овој зачин ги содржи сите.

Откако ке ги извадиме компирите се прави засек на средина и се полни компирот со печурките месото и од озгора се додава сосот.

Доколку сакате да направите лебед како што ми е прокажано на сликите , кога ке ги виткате компирите ставете повеке фолија и потоа со краевите ќе оформите клун и опашка со превиткување на фолијата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови