Одлични печени крокети, вкусни и брзи за подготовка
Во сецко ставете го зеленчукот, претходно измиен.
Исецкајте го, но на поситно.
Оризот измијте го и сварете го со коцка за супа.
Додадете го јајцето и претходно варениот ориз.
Откако ќе биде убаво сварен и водата убаво впиена, ставете го во садот кај зеленчукот.)
Помешајте се добро, зачинете и додавајте презла и брашно се додека не добиете смеса, мекано способна да се работи.
Правете ги топчињата и валкајте ги во презла.
Од сликите ќе видите дека се сочни и не многу тврди додека се валкаат во презлата.
Тавата обложете ја со хартија за печење,па редете ги топчињата.
Рерната нека е загреана на 200 степени и ставете да се печат.
Не печете долго, затоа што ќе бидат многу тврди.
Нека се заруменат и вадете.
Служете ги со некој убав намаз, сос, со мајонез, со чашка пиво ....
На здравје да ви се.

Забелешка
Не ставајте многу брашно и не печете долго затоа што ќе бидат потврди.
Секако се вкусни и крцкаат. Кој е љубител на лук, можете да додадете во смесата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови