Намастете ја тавата со путер, а рерната заграјте ја на 200С.
Половина од корите распоредете во тавата, па издробете го сирењето и потоа прекријте го со останатите кори.
Ставете ја тавата во рерна да се потпечат малку корите. Тоа би одело најмногу 10 минути, па и помалку.

Ставете ја водата со солта и путерот да зоврие. Откако ќе се потпечат корите, додадете ја водата и вратете во рерна. Се печи додека испари течноста, зависно од јачината на рерната некаде 20-30 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови