Едноставен начин на подготовка на риба пастрамка.
Ја чистиме рибата, ја зачинуваме од внатре и од надвор со сол и црн пипер, ја валкаме секоја риба во пченкарно брашно. Рибите ги редиме на хартија за печење, претходна намастена со зејтин (4-5 лажици зејтин) .Ги печиме 25- 30 минути на 200 степени во загреана рерна. Во текот на печењето, рибите еднаш ги вртиме внимателно со лажица за превртување.
Плехот во кој ја печиме рибата треба да е поголем за да рибите ги редима така меѓу нив да има простор(4-5 сантиметри).

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови