По пазарите се уште има многу убава капија, па еве од мене еден предлог како да си направите вкусен крцкав оброк,кој може да биде ваша вечера или ручек.

Прво капијата ја печиме, ставаме во кеса, ја лупиме, ја чистиме од дршката и семките.
Ја оставаме 20 минути да се исцеди.
Во еден сад ги соединуваме јајцето, урдата, зачините.
Мој предлог е да ставите зачини по ваш сопствен вкус, за да не биде празен филот.....
Може ленено семе, сусам, семки од тиква, сончоглед, кари, црвен пипер.......
Во секоја пиперка внимателно ставаме по една полна голема лажица од полнењето.
Потоа ги валкаме во брашно, па во изматено, зачинето јајце, па во здробените снегулки.
Ги пржиме на загреано масло, на умерен оган од двете страни да заруменат.
До колку не сакате пржење, може да се наредат во тава и да се запечат и во рерна околу 30 минути.
Снегулките на кратко ги здробив во Нутрибулетот, каде оставив и малку покрупни парченца.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани