Овој рецепт ме инспирира од неколку емисии за готвење. Многу лесен, брз, несметајки го времето за печење. Здрав пред се бидејки не се користат конзерванси и повеќе наменски.

Рерната загрејте ја на 220 степени.
Тавата обложете ја со хартија за печење. Насечете ја главицата кромид на тенки кругови и распоредете ги низ тавата, попрскајте малку со маслиново масло и сол и ставете да се запечи, додека ги сечкате доматите.
Доматите се сечат на тенки кругови, распоредете ги во тавата со кромидот, додадете ги предходно измиените и нелупени чешниња лук, попрскајте со маслиново масло, сол, бибер и додадете ги зачините.
По желба можете да додадете насечкани чили пиперчиња.
Печете околу 40-50 минути на 220 степени и толку салцата е готова.

Јас вака приготвената салца ја пасирам и ја користам како сос за тестенини, или како сос за пица, можете ја изблендирате, да додатете паста и да добиете доматна супа или можете да ја користите како додаток во манџи.
Аромата од вака приготвените домати е неопислива, а може да се користат и оранжериски домати, навистина нема разлика во вкусот.

Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови