- Измешајте го брашното со шеќерот, додадете го во него веќе растворениот квасец во млако млеко, маслото, со вилушка разматени јајцата. Замесете средно меко тесто, покријте и оставете да стаса.
- Стасаното тесто поделете го на еднакви делови во големина која вие ја сакате и од нив формирајте топчиња кои ќе ги наредете во подмачкано лехче со маргарин.
За премачкувањето
- Над оган растопете го маргаринот, тргнете на страна, во него додадете ги лебните трошки и солта, секое топче премачкајте. Оваа постапка може да ја направите и веднаш или откако стасале. Во самата добиена смеса може доколку сакате да ставите и малку сусам или ким.
- Стасани печете ги во веќе загреана рерна на 200 степени.
- Времето за печење зависи од самата рерна. Готови се откако ќе заруменеат.
Напомена
- Во самото тесто нема сол поради тоа што во смесата за премачкување има сол, но вие сами одредете колку ќе ставите - тоа е според вкусот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани