Брз десерт погоден за жешките летни денови!
Најпрво пудинзите ги вариме на вообичаен начин, со млекото во кое сме го раствориле и шеќерот. Одкако е сварен пудингот, во него го додаваме сецканиот маргарин и мешаме да се соедини. Оставаме малку да се излади, да го делиме на 3 дела. Во едниот ги мешаме оревите и го ставаме во калап обложен со најлонска фолија. Над него ставаме дел во кој сме ставиле кокос, па најгоре делот со бисквити и какао. Оставаме убаво да се стегне во фрижидер, па го превртуваме калапот да дојде кафениот дел најдолу, јас ја направив во калап за куглоф.
Забелешка - доколку некој од деловите ви изгледа многу течен додајте бисквити/кокос/ореви =)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови