Слаткиот компир - батат, иако го викаме компир, спаѓа во групата на моркови. Затоа тој може да се консумира и суров, за разлика од обичниот компир. Одтаму доаѓа и блажината на слаткиот компир. Портокаловата боја ја даваат каротеноидите кои помагаат во подобрување на имунитетот и борба со потешки болести, како канцерогените заболувања. Исто така богат е со калиум, магнезиум и железо, како и со витамин А, Д, Ц и Б6.
Заради богатството од витамини и минерали, подобро е да се готви пократок временски период или да не се готви воопшто и да се внесува суров.

Јас го печев, кратко време, колку само малце да омекне и го подготвив на следниов начин

Слаткиот компир се лупи и сецка на коцки, подобро на помали, за да побрзо се зготви. Во тавата за печење, ставив хартија за печење и врз нив компирот. Низ компирот ставив зачини и масло и ги измешав со рака, за да фати насекаде.

Во загреана рерна на 180 степени, се печат 15 мин, доволно колку само да фатат коричка одозгора.

*Секогаш морковот и слаткиот компир комбинирајте ги со мала количина на масло, бидејќи витамините кои ги содржат се раствараат во масло и така организмот може целосно да ги искористи. Затоа супата со морков е здрава за консумирање и помага при настинка, но еве и оваа рецепта со сладок компир и уште еден начин за здрав оброк.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови