Време е на зимница, па еве еден предлог за салата од мене.
Пиперките ги миеме, им ги отстрануваме дршките и семките и ги редиме во некој подлабок сад.
Пресолта ја правиме од алкохолниот оцет, шеќерот, солта и црниот пипер во зрно. Пресолта се загрева до вриење и да врие додека се раствори шеќерот и солта. Се трга на страна и се додава и винобранот. Со пресолта се полеваат пиперките. Се покриваат со некој плех на кој ставаме нешто тешко за да ги притисне пиперките. Вака пиперките стојат 24 часа.
Потоа се собираат во тегли и при собирањето помеѓу пиперките, се става магданос и лук.Теглите се затвараат и после 15 дена можат да се јадат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови