Исцедете ја туната и ставете ја во сад заедно со јајцето и топеното сирење.
Испасирајте со рачен блендер, па додајте го мајонезот, измешајте и вкусете, па според вкусот додавајте ги останатите работи.
Лично мене ми се допадна вака како што ви ги прикажав состојките, освен сенфот. На пола додадов сенф, на пола не.
Паштетата на вкус изгледа како купечките.

Оваа количина е доволна за мачкање на една просечна на број фамилија, но доколку ви остани, ставете ја во мало чинивче и покријте ја, па во фрижидер. Не би требало да ја оставите долго да стои, изедете ја најкасно до следниот ден.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови