Сезона на ајвари е, па да го споделам мојот омилен рецепт за ајвар, наречен паштета ајвар. Ова е комбинација на ајвар и малиџано, искористени се интересните состојки од двата рецепти и споени во еден. Некој ставаат и моркови во паштета ајварот, но ние по дома го спремаме на овој начин.

1. Пиперките се печат и лупат. Потоа се мелат.
2. Модрите патлиџани се печат и лупат. Исто се мелат.
3. Феферонките се ставаат живи, само мелени. (ако не сакате да ви лути, може и без нив, мене ми е убаво кога е ајварот малце пикантен)
4. Сите состојки се мешаат и се ставаат на оган да зовријат. Веднаш се додава оцет, шеќер и сол.
5. Кога ќе зоврие и малце ќе се увари, се става 1/2л масло. Убаво се меша за да се впие во состојките. Потоа после 15-20 мин се става и другата половина.
6. Откако ќе зоврие, се готви уште 45 мин, до саат време.
7. На крај, кога ќе биде готов, пробајте по вкус за сол. Ако сакате додадете уште.
8. Се трга од оган и тогаш се додава сенф и убаво се меша.
9. Топлите и стерилни тегли се полнат со топлиот паштета ајвар и веднаш се затвараат.
10. Се оставаат во широк сад, обложен со прекривки, се редат едни до други и се покриваат и оставаат да се ладат.

- Највкусен е кога се јаде топол, од дното на тенџерето!
- Во зимскиот период, за да го добиете тој исти вкус, на малце намастена тава, загрејте го ајварот и комбинирајте го со топло и вкусно лепче- поубаво здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови