Посолете ги убаво и ставете им бибер ако сакате.
Во внатрешноста наполнете ги со сецкан магдонос и лук.

На маслиново масло запржете го останатот лук.
Малку запржете но не смее да порумени.
На испржениот лук додадете ја презлата и добро мешајте.
Потоа додадете го и магдоносот.
Измешајте да се соедини.
Ставете хартија за печење во тавата.
Попрскајте ја цела хартија со смесата од презла.
Врз тоа наредете ја рибата, па полејте ја со цеден лимон.
Користете пола лимон.
Остатокот од презлата распрскајте го врз рибите.
Рерната загрејте ја на 220 степени и ставете ја рибата да се пече.
Нека се пече 15 миути, па извадете ја од рерна.
Полејте врз рибата 100 мл бело винои пак вратете ја рибата назад да се пече,но намалете ја рернатана 180 степени.
Печете 40минути.

Компирите убаво измијте ги па излупете ги.
Исецкајте ги на појадри коцки и ставете ги во сад.
Врз компирот полијте 3-4 лажици маслиново масло.
Измешајте добро и оставете да отстои 5 минути.
Префрлете ја смесата на тава обложена сохартија за печење.
Попрскајте мешан зачин и сув рузмарин.
Печете околу 20 минути.
Сервирајте по ваша желба и искористете ја останатата половинка од лимонот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови