Како голем обожавател на риба, денес ќе пишам еден поинаков начин за подготовка.
Ја обожувам секоја риба, а сега ќе пишам и како можете да спржите риба со малку додатоци.

Во сад на страна ќе изматите 120 гр брашно,150 мл пиво и 1 лажиче пециво.
Посолете ја рибата, нека постои така.
Рибата ќе ја избришете убаво со хартија да биде сува.
Потоа исечете ја на парчиња.
Ако сакате може и цели да ги пржите.
Кога се суви, избришани со хартија, земете ја рибата и валкајте ја во брашно, па во смесата.
Маслото претходно нека е зовриено и веднаш ставајте од рибата, нека се пржи. Оставете нека се пржи додека не добие убава руменка боја.
Сервирајте со некој сос за риба.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови