Во касерола налеваме вода, додаваме сол.
Од кога ќе зоврие ја додаваме тестенината.
Вариме две минути пократко, од она што го пиши на кесето, на упатството.
Во тава ставаме путер и маслиново масло.
Ги додаваме свежите шампињони сечени на листови и ги пржиме .
Налеваме павлака за готвење, додаваме брикети спанаќ, зачини.
Додаваме еден кутлач (околу 70-80 мл) од течноста каде ја варевме тестенината.
Со повремено промешување готвиме околу 3-4 минути на умерен оган.
Тестенината ја процедуваме и ја ставаме во подготвениот сос.
Убаво спојуваме и сервираме.
Наросуваме свежо рендан овчи кашкавал.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани