Ова е нашето, мое и на мојот сопруг, омилено јадење !

 Битно е сите состојки да се пред време исецкани, кромидот и лукот на многу ситни коцки јас ги ставам во блендер и за секунда ми се супер ситни. Ракчињата доколку се со школка ја одстрануваме, чери доматите ги преполуваме, чили пиперчето ситно го сецкаме, босилекот го сецкаме не мора да е многу ситно, пармезанот го рендаме или едноставно купуваме рендан пармезан.

1. Најпрво ставаме ладна вода со сол да зоврие и ги додаваме тестенините.
Верувале или не сосот е готов во исто време кога и тестенините се ал денте односно 9 до 10 минути, стои на секое пакување.

2. Откако сме ја ставиле водата додека да зоврие на тава со малку маслиново масло го пржиме ракчињата секоја страна по 2 минути. потоа ги вадиме во чинија .

3. Во истото масло се додава едно лајче од доматното пире (ова е германски рецепт во германија се вика доматен марк ) битно е да е многу густо. Се пропржува околу 1 минута.

4. Се додава бело вино половина чаша од прилика 100 тина мл. Го промешуваме и  кога ќе подиспари виното се додава путерот и малце маслиново масло.(околу 1 до 2 мин)

5. Потоа се додаваат лукот, кромидот и чили пиперчето и ги динстаме околу 2 минути.
6. Тука ги додаваме свежите домати и босилекот и сето го динстаме околу 1 минута
7.  Ги додаваме ракчињата, рендаме околу половина од лимоновата кора и малку лимонов сок од половина лимон.
8. Додаваме сол и бибер.

9. До сега би требало да се тестенините ал денте, ги цедиме и ги додаваме во сосот. Убаво промешуваме и тестенините се готови.
10. Ги сервираме тестенините во чинии и наросуваме одозгора со пармезан.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови