Во касерола налеваме вода и додаваме малку сол.
Од кога ќе зоврие ја додаваме тестенината и вариме 7-8 минути.
Пред сам крај ја додаваме измиената брокула, искината на мали цветчиња.
Во меѓувреме во тава ставаме масло и го додаваме сецканиот кромид.
Кратко запржуваме, па ги додаваме парченцата сурими стапчиња.
Пржиме заедно уште 1-2 минути.
Тргаме од оган и зачинуваме.
Тука ја додаваме процедената тестенина со брокулата, сецканите кисели краставички и маслинките.
Промешуваме и сервираме.

И покрај тоа што на интернетов пишува дека од кога ќе се одмрзант стапчињата, им се одстранува фолијата која ја имаат и одма без термичка обработка се користат, јас постапив како што и напишав, значи кратко ги запржив.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани