Брзински превкусен колач кој се топи в уста. Портокалот му дава преубава арома, а по желба може и да му додадете канела.

Се матат јајцата со шеќерот и полека се додаваат останатите состојки и убаво се меша.
Се пече во тавче број 32 на 180 степени околу половина час или додека порумени.
Додека се пече можи да го направите шербетот, нека зоврие шеќерот со водата, нека поварат 10тина минути и на крај додадете го сокот од портокал.
Се потурваат двете топли и бисквитот и шербетот (не прежешки).

 

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови