1. Прво се мешаат течностите за тесто.
2. Се додава ванила и се меша за малку да се изедначи се.
3. Потоа се додава брашно, пециво, гриз и зачините.
4. Брашното се додава според потребата. Треба да се замеси меко тесто, но сепак доволно тврдо за да може да формирате топче. Откако ќе го замесите, оставете го тестото да одмори 5 минути.
5. Формираните топчиња од готовото тесто (со сакана големина) се редат во плех, не многу блиску едно до друго, и се печат во загреана рерна на 200 степени, 10-15 минути. Од оваа доза јас формирав 26 топчиња.
6. Додека колачите се печат, се подготвува шербетот. Сите состојки за шербет ги мешаме и ги ставаме во сад на оган да се истопат и да зовријат.
7. Колачите врели се потопуваат со врел шербет, се вртат од двете страни за да впијат убаво од шербетот,а потоа се валкаат во мешавина од кокосово брашно, ванилин и портокал шеќер (иако шеќерите слободно може да се изостават, тие се само за убава арома).
8. Пред да ги послужите, оставете убаво да се изладат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови