- Измиен одбран зеленчук кој во вкупна тежина треба да е 10 кгр. исецкајте го, додадете го биберот и ловоровиот лист и ставете во подлабок сад со капак.
- Во тенџере ставете ги водата, оцетот, солта, шеќерот, винобранот и конзервансот. Оставете да зоврие и да се стопи шеќерот и солта. Попарете го зеленчукот, покријте со капакот, замотајте со чаршав или крпа. Оставете три дена да стои така замотано без да го отварате.
- После изминатото време може да си остане во садот (доколку сте го ставиле во кофа со капак) или да го соберете во тегли, затворете и тоа е.
- Не обожавам многу да користам конзерванси, но оваа салата е фактички како веке здробена туршија и да ја сочувам морам вака да ја правам.
Ставам и режната пиперка - одличен вкус.
-За сол пробајте... можеби некој сака посолено или пак не толку солено...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани